Проектот „Инвентар на средновековни цркви во скопскиот регион“ е продолжение на проектот „Регистар на средновековни цркви во Охрид и охридско“ https://www.iscohrid.org/, кој беше завршен вo 2024 година. Целите на проектот во Скопје, се да се популаризира и презентира средновековното културно наследство пред пошироката публика, но сепак овој проект има и едукативна вредност, т.е. преку него јавноста може да научи повеќе за средновековните цркви и манастири во скопскиот регион. Хронолошки црквите датираат од XII до средината на XVI век, опфатени се 16 цркви. Проектот се одвиваше во две фази. Првата фаза беше обезбедување и анализа на постоечката литература поврзана со црквите, за што се увиде дека за дел од црквите недостасуваат истражувања. Втората фаза подразбираше теренски активности, пишување на текстовите и градење на самиот веб-сајт. Би сакале да изразиме благодарност за финансиската поддршка на Министерството за култура и туризам на Р.С. Македонија, понатаму благодарност до: Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија – Скопска Православна Епархија. Секако благодарност и до компанијата Вендор кој го изработија веб-сајтот.
Се надеваме дека во иднина овој проект ќе продолжи, ќе се преведе на странски јазици и ќе се прошири на сите региони, епархии на МПЦ – ОА.




