Параклис Св. Никола (црква Воведение на Пресвета Богородица во с. Кучевиште)
Ктитор: непознатДатум на градба: XIV векДатум на фрескоживопис: XIV; 1501Опис: Параклисот посветен на мириклијскиот архиепископ Никола, се наоѓа на вториот кат од нартексот на црквата Воведение на Пресвета Богородица, позната и како Св. Спас во с. Ку...

Ктитор: непознат
Датум на градба: XIV век
Датум на фрескоживопис: XIV; 1501
Опис: Параклисот посветен на мириклијскиот архиепископ Никола, се наоѓа на вториот кат од нартексот на црквата Воведение на Пресвета Богородица, позната и како Св. Спас во с. Кучевиште. На западниот ѕид над влезот на црквата има натпис, кој открива дека капелата или параклисот е посветен на св. Никола. Според стилските и иконографските особености, фрескоживописот е датиран во 1501 година, и се поврзува со зографите кои ја насликале црквата Св. Петка во соседното село Побожје. Фрескоживописот се состои од скромен фрескоансамбл, сводна и олтарна програма, дополнета од претстави на Големите празници, фриз со допојасни светители и прва зона со стоечки светители. Мора да напоменеме дека на цоклето и во олтарот се забележуваат фрагменти од постар слој фрескоживопис. Се забележуваат орнаменти кои се појавуваат и во фрескоживописот од XIV век, во наосот на црквата. Овие фрагменти се евидентираат и во припратата на црквата.
Историјат: Историјатот за параклисот не е познат. Според легендите оваа црква била изградена со цел месното насление да ги обавува верските обреди скриени од османлиите. Некогаш во параклисот се влегувало од дрвени скали од јужното одделение од нартексот, додека денес од надворешната страна преку вешто и убаво изведен чардак.
Културно значење: Иако мал овој параклис говори дека и во најтешките времиња за христијанското население, потребата за свој храм им била многу потребна. Општо двокатноста на градбата на нартексот е своевиден уникат во рамки на православната архитектура. Постоењето на слој од XIV век, говори дека параклисот поседува и постари фрески.
Сегашна состојба: Архитектурата и фрескоживописот се во добра состојба, не се забележуваат знаци на оштетување. Не се потребни итни зафати.
Користена литература: А. Серафимова, Црква Воведение на Богородица (Свети Спас) во Кучевиште, Христијански споменици, Скопје 2008