Црква Св. Андреја, Матка
Ктитор: принцот Андреаш Година на градба: 1388/1389Година на фрескоживопис: 1388/1389Опис: Храмот посветен на Христовиот свет апостол Андреја, се наоѓа на крајбрежјето на езерото Матка, во непосредна билизина на браната, оддалечена 17 километри...

Ктитор: принцот Андреаш
Година на градба: 1388/1389
Година на фрескоживопис: 1388/1389
Опис: Храмот посветен на Христовиот свет апостол Андреја, се наоѓа на крајбрежјето на езерото Матка, во непосредна билизина на браната, оддалечена 17 километри од Скопје. Скриен е меѓу стрмните и високи карпи обиколен со прекрасна природа. Црквата Св. Андреја денес претставува еден од најпосетуваните споменици на културата и туристичка атракција во Скопје, но и општо на територијата на цела држава. Црквата св. Андреја претставува едно од последните архитектонски остварувања пред целосното воспоставување на турската власт во Македонија. Храмот е изграден и фрескоживописан во 1388/1389 година. Во храмовиот ентериер се зачувани натписи кои говорат за ктиторот, а го откриваат и името на зографот кој го насликал фрескоживописот. Црквата во основа е изградена како комбинација на триконхос и слободен крст, што претставува влијание од развиените триконхоси од Света Гора (Грција). Интересно е да се напомене дека куполата е изградена според образец на куполата на св. Димитрија во Марковиот манастир, заветнина на кралот Волкашин, а подоцна и на кралот Марко. Традицијата на градење триконхоси на територијата на Македонија, потекнува уште од времето на светите Климент и Наум. Фасадите на црквите се богато украсени со ниши, посебно олтарната апсида а исто така и куполата. Кон средината на XVI век на западната страна на црквата е доградена припрата, на источниот ѕид е зачуван дел од натписот, од кој дознаваме дека припратата е живописана во 1559/60 година. Фрескосликарството претставува последно големо дело на средновековната уметност пред налетот на Турците. Автор на фрескосликарството е зографот Јован, кој потекнувал од Зрзе, каде што неговото име се спомнува во натпис. Воедно, зографот има и црковно – хиерархиски чин на митрополит. Негов помошник во работата на фрескоживописувањето на црквата бил монахот Григориј. Сликарскиот репортоар се состои од сцените на Големите празници, Страсниот циклус (Христовите страдања), светителски бисти, стоечки светители во првата зона, куполна и олтарна програма. Од претставените сцени од Христолошките циклуси се одвојуваат претставите на: Сретението Христово, Крштевањето Христово, Распетието Христово, Тајната вечера, Предавството на Јуда, Исмејувањето на Христос и Симнувањето на мртвиот Христос од крстот. Иако сликаниот репертоар е скромен, тој се одсликува со извонредни ликовни квалитети и ненадминато сликарско мајсторство. Сликарството се одликува со: длабока сензуалност, нагласена волуменозност, живи и енергични гестови, топол и раскошен колорит и вешт цртеж. Фрескосликарството не отстапува од традиционалните иконографски елемент, но се изведени со свежина во ликовниот израз. Од големиот број на претставени сцени од Христолошките циклуси и светители, се издвојуваат претставите на светите војници во првата зона. Фигурите во светите војници (св. Ѓорѓи, св. Димитрија, св. Теодор Тирон и св. Теодор Стратилат) се претставени во полна воена опрема (панцири, штитови, мечови и копја) веднаш кај влезот во црквата, преставени со животна сила и дејствуваат световно во својот израз. Од фрескоживописот од припратата на црквата (1559/1560), зачувани се наколку сцени од илустрираниот Богородичен акатист, Деизис и претставите на св. Никола, светите апостоли Петар и Павле и св. Сава во првата зона на фрескоживописот.
Историјат: Црквата претставува ктиторска заветнина на благородникот Андреаш, син на покојниот крал Волкашин и помлад брат на актуелниот крал Марко, најпознатиот јунак на епското народно творештво, не само кај Македонците, туку и пошироко на Балканот.
Сегашна состојба: Во црквата се забележуваат значајни оштетувања, за кои можеме да кажеме дека се навистина алартмантни. Имено, над влезната врата која води во нартексот се гледа дека продира вода од кровната конструкција која се слева внатре во цркавата. Се чувствува влага во воздухот во црквата, и тоа не само во нартексот, туку и во централниот дела во црквата, во наосот. Од присуството на влага се забележуваат значајни оштетувања на фреските од XVI -ти век во нартексот. Од другата страна на истиот зид, т.е. на западниот зид во наосот се забележуваат исто така значајни оштетувања. На тој зид е испишан и ктиторскиот натпис од XIV -ти век и се насликани прекрасните претстави на архангелите Михаил и Гаврил. Се забележувааат видни оштетувања и на другите фрески внатре во наосот решиси насекаде во црквата. Потребна е итна интервенција од надлежните органи со кои ќе се спречи продирање на влага во црквата и ќе се санираат оштетувањата од црквата, со што ќе се спаси овој значаен споменик на културата од XIV–иот век.
Културно значење: Црквата со својот архитектонски концепт и репрезентатнивниот фрескоживопис, создадена неколку години пред османлиското освојување на градот, ги рефлектира последните трендови на средовековната уметност. Храмот посветен на Св. Андреја претставува кулминација на уметничката креација на македонското подрачје. Црквата го сазлужила своето место меѓу најмаркантните уметнички споменици на средновековната уметност во Македонија.
Користена литература: Е. Димитрова, Црквата Свети Андреја – Матка, Седум споменици на културата во Скопје и скопско, Скопје 2009; Е. Димитрова, Црквата Св. Андреја во кањонот Матка, Скопје 2020