Црква Св. Ѓорѓи, Радишани
Ктитор: непознатГодина на градба: XVI, XIX векГодина на фрескоживопис: XVI, XIX век Опис: Изградена е во XVI век. За време на турското владеење била разрушена. Во 1899 година, црквата била препокриена, биле поправени старите ѕидови и изград...

Ктитор: непознат
Година на градба: XVI, XIX век
Година на фрескоживопис: XVI, XIX век
Опис: Изградена е во XVI век. За време на турското владеење била разрушена. Во 1899 година, црквата била препокриена, биле поправени старите ѕидови и изградена припрата. Во втората половина на XX век извршена е реставрација и реконструкција на црквата и на западниот трем. Оригиналниот живопис е уништен освен неколку ликови во олтарот. Пресликана е во 1883 година.
Историјат: Историјатот на црквата не е познат. Според преданијата во старите времиња оваа вила единствената црква во Радишани, кое било големо село и поради тоа не можеле сите да дојдат и да се причестат, па затоа е изградена поголема црква.
Сегашна состојва: Станува збор за една мала еднокорабна црква од XVI век, која функционира како гробна црква лоцирана во гробиштата на тогашното село, денес населбата Радишани. Во XIX-иот век на црквата е додаден широк трем. Состојбата на архитектурата на целиот објект е стабилна, не се забелужаваат видливи знаци на присутво на влага, како и ошететувања од понов датум. На зидовите во црквата од XVI век особено во алтарниот простор се забележува подобро сочуван живопис кој датира најверојатно од XVII век и не преставува предмет на нашиот интерес. Во тремот фрескоживоописот е многу оштетен. Се забележуваат повеќе слоеви на живопис, сите од понов
датум.
Културно значење: Иако мала и без оригинален фрескоживопис, црквата е сведок на развојот на градителскиот и зографскиот занает и желбата на христијанското население за свој храм.
Користена литература: И.Велев, Преглед на средновековни цркви и манастири во Македонија, Скопје 1990