Црква Св. Илија, с. Бањани
Ктитор: непознатГодина на градба: можеби XIV векГодина на фрескоживопис: XVI векОпис: Манастирот Св. Илија се наоѓа на падините на Скопска Црна Гора, недалеку од селото Бањани во долината на Бањанска река. Црквата која се наоѓа во горниот дел на мана...

Ктитор: непознат
Година на градба: можеби XIV век
Година на фрескоживопис: XVI век
Опис: Манастирот Св. Илија се наоѓа на падините на Скопска Црна Гора, недалеку од селото Бањани во долината на Бањанска река. Црквата која се наоѓа во горниот дел на манастирот, е еднокорабна, од северната страна залепена за карпа, со тристрана апсида. Во досегашните истражувања се претпоставува дека потекнува од XIV век. Фрескоживописот во оваа црква потекнува од XVI век. Насликани се сцени од Големите прааници, Страсен циклус, допојасни светители и стоечки светители во првата зона. Во исто време биле насликан и фрескоживописот на јужната и западната фасада. На западната фасада била насликан Страшниот суд. На јужната фасада е насликан еден многу редок циклус во ѕидното сликарство – животот на св. Илија. Во 1846 година иконостасните икони се обновени од Дичо Зограф.
Историјат: Општата историја на манастирот за жал не ни е позната. Во внатрешноста на црквата можат да се видат претстави на Големите Празници, сликарството на полукружниот свод и стоечки светители во првата зона. Од манастирот потекнува и иконата на Пророкот Илија, насликана во последната четвртина на XIV век, која денес се чува во Музејот на Македонија. Во 1967 година, во манастирот функционирала и православна Богословија, која започнала со наставата на 1 ноември со 68 ученици, а подоцна била префрлена во скопската населба Драчево. Манастирот е особено посетен на 2 август – Илинден кога се собираат голем број на верници.
Сегашна состојба: Архитектурата на црквата е во добра состојба. Внатре во црквата не се забележува присуство на влага. Фреските кои датираат од XVI-ти век се оштетени, но тие оштетувања се од постар датум.
Културно значење: Манастирот заедно со црквата Св. Илија е вистински сведок на историјата. Црквата изградена и фрескоживописана во бурните времиња на петвековното османлсико владеење ја претставува желбата на христијаните да изградат свој храм.
Користена литература: З. Расолкоска – Николовска, По трагите на зографите од втората деценија на XVI век во Скопска Црна Гора, Културно Наследство 13/1989, Скопје 1993, 55 - 66