Црква Св. Недела, Матка
Ктитор: непознатГодина на градба: XIV векГодина на фрескоживопис: XIV векОпис: Високо во карпите над езерото матка се наоѓа археолошкиот локалитет Марков Град, со црквата посветена на на маченицата Недела која пострадала и се преселила во Небесното Ц...

Ктитор: непознат
Година на градба: XIV век
Година на фрескоживопис: XIV век
Опис: Високо во карпите над езерото матка се наоѓа археолошкиот локалитет Марков Град, со црквата посветена на на маченицата Недела која пострадала и се преселила во Небесното Царство, за време на владеењето на римскиот цар Диоклицијан, поточно во 289 година, во Никомидија. До локалитетот се стигнува по тешки планинарски патеки, кој се наменети за физички спремните посетители. Црквата Св. Недела, за посетителите претставува маѓепсувачка атракција, а за научниците претставува мистерија, како градителите успеале да изградат црква и да ја фрескоживописаат толку високо во карпите. Црквата е изградена како крстообразна со една купола, денес во голем дел разрушена. Од оригиналниот фрескоживопис се сочувани неколку фрагменти.
Историјат: Марковиот Град, во кој се наоѓа црквата е утврдена населба која егзистирала во средниот век, за што како потврда има движни архолошки наоди, но интересно е да се напомене дека на локалитетот е пронајдена е една монета од 5 век. Според претоходните научници, црквата била селска црква на некогашното, целосно запуштено село Ивање. Научниците се уште дебатираат за историјатот на црквата, но прифатено е мислењето дека таа според анализата на градбата и фрескоживописот потекнува од првата половина на 14 век, а како ктитор се наведува феудалниот господар Бојко кој гопсодарувал со Матка, спомнат во ктироскиот натпис на црквата Св. Никола во селото Љуботен на Скопска Црна Гора. За овој локалитет е позвразана и интересна легенда. Бојана, според легендата, била прекрасната господарка на Марков град. Таа живеела и управувала со градот, меѓутоа нејзините чифлизи достигнувале се до селото Бојане. И обично како што бива во легендите од османскиот период, во Бојана се вљубил некој локален Османлија. Одбивајќи ја брачната понуда и „потурчувањето“ Бојана станала мета на неговиот бес. Собирајќи голема војска, насилникот ја нападнал Бојана која се утврдила во Марков град. Во борбата Бојана убила дури 70 османлии, ама сепак, кога видела дека се е залудно и дека ќе мора да биде насилно одведена во харемот на зулумќарот, таа скокнала од карпата во реката Треска. Веднаш потоа Османлиите го разурнале градот.
Сегашна состојба: Фрескоживописот е изложен на атмосферски влијанија, потребно е да се покрие целата црква со цел зачувување на кревкиот фрескоживопис.
Културно значење: Покрај што е речиси целосно разрушена сепак говори за историјатот на скопската околина. Оваа црква е една од најизолираните и најтешко пристапните споменици во Македонија и вреди да се посети.
Литература: Е. Димитрова, Уметничката продукција на средновековно Скопје, Скопје: осум милениуми живот, култура и творештво, Скопје 2019