Црква Св. Никита, с. Бањани
Ктитор: обнова - крал Милутин Датум на градба: 1299/1300Датум на фрескоживопис: 1323/1324Опис: Црквата св. Никита е најстариот сакрален споменик од XIV век во Скопско и Скопска Црна Гора. Денeс црквата е доста посетена од верниците, бидејќи се в...

Ктитор: обнова - крал Милутин
Датум на градба: 1299/1300
Датум на фрескоживопис: 1323/1324
Опис: Црквата св. Никита е најстариот сакрален споменик од XIV век во Скопско и Скопска Црна Гора. Денeс црквата е доста посетена од верниците, бидејќи се верува дека под каменот во центарот на црквата се наоѓаат моштите на св. Никита. Според кажувањата местото е лековито и среќно а многумина веруваат дека тука со молитва за прошка и љубов, несреќните се среќни, бездетните се со чеда, а самците прават свадба. Храмот на свети Никита е изведена во основа како впишан крст во правоаголен простор со една купола која се издигнува во централниот дел. Овој градителски модел ќе израсне во традиционална типолошка матрица за целата скопска област и за речиси сите. На источната страна, екстериерот на црквата излегува во надворешниот простор со масивна петстрана апсида. Градбата е подигната од правилно делкани камени блокови, алтернирани со по два реда тули поставени во хоризонталните и во вертикалните допири. На сите четири фасади се поставени слепи аркади кои почиваат на лезени. Од оригиналниот живопис, потпишан од зографот Михаил Астрапа, во куполниот појас зачувани се фигурите на пророците во тамбурот и ликовите на евангелистите на пандантифите, на поткуполните сводови – композициите на Христовото раѓање, Крштевањето и Сретението од Празничниот циклус, додека Страсните настани се илустрирани на јужниот и на северниот ѕид од наосот. Во олтарот била насликана стоечка претстава на Богородица во конхата, под неа било претставено Причестувањето на апостолите, а во најниската зона била прикажана Литургиската служба на архијереите. На олтарниот свод и во источниот травеј се наоѓаат претставите на Поствоскресните настани, во протезисот се насликани евхаристичните префигурации на Христовата жртва – Визијата на свети Петар Александриски и Гостољубието Аврамово, додека во ѓакониконот истата симболика ја обележува претставата на Трите еврејски момчиња во зажарената печка. Најниската зона од сликаната декорација на црквата е исполнета со светителски фигури од категориите на светите воини, исцелителите, монасите и мачениците. Покрај извонредните стилски карактеристики, на вештиот зограф, во рамките на секоја претстава одделно, зографот Михаил посветува особено внимание на интер-релацијата помеѓу прикажаните ликови и нивната просторна рамка – доловена преку вешто организираните архитектонски кулиси во вториот план на сцената. Овие одлики најмногу се видливи во маестрално изведената претстава на Изгонувањето на трговците од храмот. Поради оштетувања во 1484 година биле насликани нови фрески, посебно во горните зони на храмот посебно сцени од Големите празници. Овие зографи досладно го следеле стилот на Михаил Астрапа, иако не можеле а ги достигнат неговите сликарски способности, посебно не можеле да се доловат неговата колористичка палета. Во 1846 година, бил обновен живописот во куполата – дело на зографот Дичо Зограф. Во тоја период истиот автор ги насликал и иконите кој се наоѓаат на иконостасот. На тој начин сикарството на најугледниот зограф од XIV век – Михаил Астрапа е дополнето со сликарството на најпродуктивниот зограф од XIX век – Дичо Зограф од село Тресонче. Фрескоживопис на Михаил Астрапа се одликува со: цврсти композициски решенија, богата колористичка палета, нагласена елеганција на претставите, витки фигури и одежди претставени со особено внимание и префинет вкус. Сликарството од XV век ги има сличностите и доследно ги слади стилските особености на сликарството на Михаил Астрапа од претходниот век. Сликарството на Дичо Зограф се одликува со вешт цртеж, конзистентна моделација, богат и живописен колорит.
Историјат: Кон крајот на XVI и почетокот на XVII век кон јужната страна на црквата бил изграден параклис посветен на св. Јован Крстител, кој подоцна бил срушен. Во 1574 година бил поправен јужниот влез, додека од натпис дознаваме дека во 1692 црквата била обновена. Во XIX век биле изградени конаци и други стопански згради за потребите на црквата.
Културно значење: Фрескоживописот во оваа црква е последно дело на Михаил Астрапа. Ателјето на Михаил и Евтихиј било особено активно во време на владеењето на Палеолозите, во Македонија го фрескоживописале црквите: Св. Богородица Перивлепта во Охрид (1294/95) и Св. Ѓорѓи во Старо Нагоричане (1316 – 1318).
Користена литература: Е. Димитрова, „Црквата Свети Никита – Бањани“, Седум споменици на културата во Скопје и скопско, Македонида, Скопје, 2009; Е. Димитрова, С. Коруновски, С. Грандаковска, Средновековна Македонија. Култура и уметност, Македонија. Милениумски културно-историски факти, Скопје 2013