Црква Св. Никола, Радишани
Ктитор: непознатГодина на градба: XVI векГодина на фрескоживопис: 1631 годинаОпис: Црквата се наоѓа на мало возвишение од левата страна на главната улица Радишанска. Претставува мала еднокорбна градба. Околу неа се распростренети старите гробишта. Ѕи...

Ктитор: непознат
Година на градба: XVI век
Година на фрескоживопис: 1631 година
Опис: Црквата се наоѓа на мало возвишение од левата страна на главната улица Радишанска. Претставува мала еднокорбна градба. Околу неа се распростренети старите гробишта. Ѕидното сликарство е сочувано во олтарната апсида, и во фрагменти на јужниот и западниот ѕид од наосот, како и во траги на западната фасада. Во апсидата зачувани се претставите на Богородица во конхата и Службата на архијерите во првата зона.
Историјат: Во 1980/81 година направени се делумната реконструкција и реставрација на црквата и поставен е оловен покрив кој ја следи формата на полуцилиндричниот свод. Истата таа година вршена е и конзервација на ѕидното сликарство
Сегашна состојба: Оваа црква е мала еднокорабна градба од XVI век, која е лоцирана во близина на гробиштата во тогашното село, денес населбата Радишани. На ниво на северната фасада на малата црква се забележува дека овој зид билпрезидан. Така може да заклучиме дека во некоја подоцнежна фаза бар еден дел од црквата бил президан. Состојбата на архитектурата на целиот објект е стабилна, не се забелужаваат видливи знаци на присутво на влага, како и ошететувања од понов датум. Фрескожиивописот во внатрешноста на црквата е од понов датум и е многу оштетен, така да денес е тешко препознатлив.
Културно значење: Иако мала и без оригинален фрескоживопис, црквата е сведок на развојот на градителскиот и зографскиот занает и желбата на христијанското население за свој храм.
Користена литература: И. Велев, Преглед на средновековни цркви и манастири во Македонија, Скопје 1990