Црква Св. Никола, Шишевски манастир
Ктитор: на старата црква – непознат, XVII век - кожарот КалогијанГодина на градба: XIV, 1630Година на фрескоживопис: XIV, 1630Опис: Обиколен со прекрасна природа, високо во карпите над езерото Матка, се ноаѓа Шишевскиот манастир, со црква посве...

Ктитор: на старата црква – непознат, XVII век - кожарот Калогијан
Година на градба: XIV, 1630
Година на фрескоживопис: XIV, 1630
Опис: Обиколен со прекрасна природа, високо во карпите над езерото Матка, се ноаѓа Шишевскиот манастир, со црква посветена на еден од најпознатиот светител – св. Никола. Ваквата природна фортификација допринела до неговата заштита во минатото, кога многу од околните храмови биле ограбувани и палени. Овој манастир доста е посетен од скопјани и доминира во околниот пејсаж. Денес само манастирскиот бедем и црквата се единствените кои сведочат богатото и значајното минато на овој манастир. Архитектурата на црквата св. Никола претставува спој на две градежни фази, изведени во XIV и XVII век, споени во една целина. Притоа источниот дел од градбата е постар и има архитектонска основа на еднокорабна градба. Западниот дел во архитекноснка онова е впишан крст во правоаголен простор со купола. Вистински бисер на екстериерот на црквата е мермерната плоча со околус на јужната фасада. На плочата се претставени: грифони, волци, глава со две лавовски тела и вегетација, најверојатно оваа плоча потекнува од истиот перидот кога е изградена градбата. Фрескоживописот во црквата потекнува од XIV век и XVII век. Постраиот фрескоживописот се наоѓа во источниот дел на црквата и се гледа под оштетениот фрескоживопис од XVII век. Од XIV век потекнуваат неколку претстави меѓу кои: св. Константин и Елена и св. Григориј Чудотворец и др. Сликарстовото од XIV век се каректеризира со благ деформитет на ликовите, издолжени форми, крути движења, пластично изведени ликови и дводимензионални костими. Ликовната анализа на фрагментите од фрескоживописот од XIV век во црквата во Шишевскиот манастир покажала дека во сликањето на храмот работеле најмалку двајца зографи. Во перидот од 15 април до 15 јуни 1630 година црквата била повторно фрескоживописана под ктиторство на кожарот Калогијан, а при игуменството на монахот Јаков и за време на столувањето на скопскиот митрополит Симеон. Во источниот дел на храмот се насликани: Големите празници и поедини светители во првата зона. Во припратата покрај куполната програма има илустрации и на Страсниот циклус, Христовата јавна дејност, Житието на св. Никола и во најниската зона се насликани стоечки светители. Сите композиции се со мали димензии, но набиени со драмско дејство и живописни иконографски елементи. Овие анонимни зографи негувале внимателен приод во градењето на програмските концепти. Стилски сликарството на шишевските зографи се карактеризира со нагласен цртеж, цврста контура, крути пози и релативно скромна колористичка палета. Треба да се напомене дека во припатата се наоѓа единствената илустрација на композицијата визијата на св. Евстатиј Палакида на територијата на Македонија. Исто така вредно е да се напомене дека во 1645 година бил изработен крст за иконостасот на црквата.
Историјат: Во близината на манастирот постоело и селото Нир, кое замира кон крајот на 16 век. Од исклучителна важност е што во 1855 година, манастирот го посетил и Јордан Хаџи Константинов-Џинот, македонски просветител роден кон крајот на 1821 или на почетокот на 1822 година во Велес. Овој познат просветител во манастирот пронашол голем број словенски ракописи. Во XIX век, поточно во 1816 година, јеромонахот Самоил и монахињата Параскева со двајца ученици го откриле запуштениот манастирски комплекс и за последен пат заживеал како активен сакрален објект. Познато е дека последен жител на манастирот т.е. монах бил поп Камбер кој живеел до 1918 година.
Сегашна состојба: Архитектурата и фрескоживописот се во лоша состојба. По источната и јужната фасада на еднокорабната црква забележителни се големи и видливи пукнатини. Кај нартексот на северната фасада целосно е уништена рељефната плоча која е вградена во архиволтата (од надворешни влијанија). Во еднокорабната црква прилично е оштетен сводот во наосот , во северозападниот дел каде зафаќа делови и од северниот ѕид со голема површина на отпаднат малтер и соголена конструкција, видлива е и голема пукнатина на малтерот по цела должина на сводот и има траги од прокиснување. Пукнатини има и во олтарната апсида, како и на јужниот ѕид кај прозорецот (што соодветствува со состојбата на фасадата од надвор). Кај нартексот евидентирана е пукнатина на источниот лак и над него каде што е фреската со ликот на Св.Никола. Пукнатина има и на северниот ѕид над вратата. Пукнатина на малтерот има и на централната купола. Евидентни се вандалските механички оштетувања од типот на врежувања во долните зони на ѕидното сликарство и во олтарниот простор, како и отпаѓања на места на подлогата со сликаниот слој во олтарниот простор, каде што е евидентирана пукнатина на централната сцена. Други напукнувања се евидентирани на западната страна на пределот од претставата на св.Никола.
Културно значење: Црквата Св. Никола, претставува една од најизолираните споменици на културата во Македонија, вгездена високо над кањонот Матка. Преку градителските и сликарските фази може да се следи развојот на уметничките трендови во текот на историјата.
Користена литература: Е. Димитрова, В. Лилчиќ, К. Антевска, А. Василев, Матка: културно наследство, Скопје 2011.