Црква Св. Петка, с. Побожје
Ктитор: непознатГодина на градба: XII, обнова XV – XVI векГодина на фрескоживопис: XIV, XV, XVI и XIXОпис: Црквата до сега не е систематски истражувана, досегашните истажувања ја поставуваат само основата. Обновената црква е едноставна еднокорабна гр...

Ктитор: непознат
Година на градба: XII, обнова XV – XVI век
Година на фрескоживопис: XIV, XV, XVI и XIX
Опис: Црквата до сега не е систематски истражувана, досегашните истажувања ја поставуваат само основата. Обновената црква е едноставна еднокорабна градба, во 1815 година кон старата црква била доградена трикорабна припрата. Фрескоживописот во овој храм е повеќе слоен од XIV па се до XIX век. Фрагменти со фрескоживописот од најстарите фази, XII и XIV век се евидентирани на јужната фасада на црквата. Во втората половина на XV век насликалан е поголемиот дел од фрескоживописот, поточно биле насликани: Големите Празници, фриз со медаљони со допојасни светители и стоечки светители во првата зона. Анонимиот зограф на овие фрески е сигурен во цртежот и побогат во колоритот. Побушкиот зограф, по своите уметнички сфаќања припаѓа кон релистичните тенденции на балканското сликарство во доцниот XV век. Во 1500 година поточно во октомври 1500 било завршено украсувањето на храмот. При овој зафат се насликани повеќе сцени и светители и целата своден фрескоживопис на црквата. Овој зограф се потрудел да го изедначи квалитето со постарите фрески, но не успеал, послаб е во цртежот, слика без моделирање и поскромна палета. Овој зограф подоцна во 1501 година ја зографисал и капелата посветена на Св. Никола во црквата Воведение на Пресвета Богородица (Св. Спас) во соседното село Кучевиште. Од црквата исто така е зачуван дрвен хорос од XVI век. Во 1880 година е изработен и иконостас за црквата.
Историјат: Историјата на црквата не е целосно истражена. Значајно е да се напомене дека на фреските од XV век се зачувани натписи во кои се наведени имињата на нарачетелите на фреските, се спомуваат: Петко, Тихослава, поп Божидар, Дојко, Михо, Бојко и Влада. Дел од овие имиња се зачувани во опширните турски дефтери од тој период. Ова е исклучителна реткост во поствизантиската уметност.
Сегашна состојба: На фасадата од црквата не се забележуваат знаци на ошетување ниту влага. Во внатрешност на црква, во постариот дел кој датира од 14-от век се забележува одредено присуство на влага, но фрескоживописот е во добра состојба. Поинаква е состојбата во доградениот широк трем украсен со богат живопис кој потекнува од 19-иот век. Тука се забележува големо присуство на влага и фреските се многу оштетени. Треба да се напомене дека се видливи знаци за земени проби за конзревацијата од надлежнаѕта институција за заштита пред повеќе години, но конзервацијата не е никогаш реализирана. Неооходна е итна конзервација на овој значајен споменик на културата, којшто претставува живо културно наследство, со што ќе се спречи неговото пропаѓање.
Културно значење: Со новите истражувања и препоставката дека црквата потекнува од XII век, ја позиционира црквата како еден од најстарите споменици на културата во скопскиот регион, но и во Македонија. Поновите фрески и архитектура, говорат за развојот на зографството и градителството низ вековите и низ сите историски (не)прилики.
Користена литература: З. Расолкоска – Николовска, Црквата Света Петка во Побожје, Зборник на Археолошкиот музеј на Македонија X - XI, Скопје 1983, 33 - 35