Црква Воведение на Пресвета Богородица (Св. Спас), с. Кучевиште
Ктитори: Марена, Радослав и ВладиславаГодина на градба: о.1330 година Година на фрескоживопис: о.1330; нартекс: 1332 – 1337 Опис: Црквата Св. Богородица, попозната и како Св. Спас, се наоѓа на падините на Скопска Црна Гора и е главна црква...

Ктитори: Марена, Радослав и Владислава
Година на градба: о.1330 година
Година на фрескоживопис: о.1330; нартекс: 1332 – 1337
Опис: Црквата Св. Богородица, попозната и како Св. Спас, се наоѓа на падините на Скопска Црна Гора и е главна црква на селото Кучевиште. Оваа е еден од неколкуте средновековни споменици на Скопска Црна Гора, која ја отсликува историјата на овој крај. Ктитори на оваа црква, изградена во 1330 година биле: Марена, Радослав и Владислава. Основата на ова здание е впишан крст во правоаголен простор, со една осмострана купола. Куполата почива врз четири ѕидани столпци поврзани со полувалчести сводови. Во југоисточниот дел на градбата била оформена двокатна капела која добила двојна улога – на долниот кат ја извршувала функцијата на ѓаконикон, додека на горниот кат служела како параклис посветен на свети Никола. Оваа интервенција предизвикала специфично издолжување на источниот дел од просторната конфигурација на храмот, при што ѓакониконот бил одделен од наосот и оформен како посебен елемент од градителската конституција на светилиштето. Набргу по изградбата на главниот корпус на црквата, на нејзината западна страна бил додаден двокатен нартекс со гробна функција. Ваквата постапка на ктиторите сосема била во согласност со долгите традиции во византиската архитектура, во кои двокатните градби добивале гробна намена. Програмската концепција на живописот во црквата посветена на Богородичиното воведение во Кучевиште се карактеризира со забележливо збогатување на визуелните компоненти и со убедлива нагласеност на нарацијата во илустрацијата на тематските елементи. На ѕидовите на црквата се насликани следните циклуси: Празничниот циклус, Страсниот циклус, сцени од Богородичиниот циклус фриз со маченици, додека во прва зона се насликани стоечки светители: војници, химнографи и монаси. Сите сцени од Големите празници се проширени со пролог и епилог епизоди, со што е зголемена нивната наративност. Воведувањето на нови програмски содржини, како што е најстарата претстава на бистите на Четириесетте севастиски маченици на дното од куполата и проширувањето на традиционалната иконографија на Христолошките сцени со нови и живописни елементи, се најзначајните прилози на кучевишкото сликарство кон создавањето на еден автентичен и возбудлив сликан ансамбл. Раздвиженост на фигуралните претстави, вештиот аранжман на групните изведби, пластичната дотераност на формите и благородната драматичност на воздржаните емоции се најспецифичните одлики на кучевишките сликари и на нивната впечатлива фрескодекорација. Неколку години подоцна, по доградувањето на припратата, била изведена и фрескодекорацијата во западниот дел на храмот (1332-1337 година), денес тешко и неповратно оштетена. Покрај ктиторската композиција, која ги зафаќа бочните ѕидови на погребните одделенија сместени во северниот и во јужниот дел на нартексот, сводната површина и високите делови на ѕидовите се покриени со илустрацијата на последните три Псалми, како најсоодветен програмски концепт за овој фунерарен дел од храмот. Во јужното одделение е претставена кралската владетелска двојка – Душан и Елена, придружена од елегантната фигура на војвотката Владислава и од нејзиниот сопруг, војводата Дејан, обајцата прикажани во протоколарни ставови кон владетелите. Во северното одделение, пак била претставена благоверната Марена (првоименуваната ктиторка од натписот во наосот) со моделот на црквата во рацете, во друштво на патронскиот лик на Богородица со Христос и други две претстави. На вториот кат на припратата е оформена/изградена капела Св. Никола, фрескоживописана од анонимни зографи во 1501 година, особено активна за време на османлиското владеење. Во параклисот се насликани сцени од Празничниот циклус, фриз со маченици и стоечки светители. Фрескоживописот од XVI век има и на фасадите. На западната фасада е насликан Страшниот суд, од кој едвај се разпознаваат иконографските елементи. На јужната фасада се насликани: св. Петка, св. Антониј, св. Илија, коњаничките престави на св. Ѓорѓи и св. Димитрија и Деисисот. Во црквата има зачувани и икони од 1843 година дело на зографот Дамјан од Крушево, икони кои за жал не постојат изработени во 1845 година од Дичо Зограф. Од Дичо Зограф, славниот зограф од XIX век, е зачувана вратата на проскомидијата со сцената „Архангел Михаил ја зема душата на богатиот“. Значајните уметнички потфати во оваа црква се доказ дека црквата била културно – уметничко средиште низ вековите. Ова е редок примерок на две цркви во една на територијата на Македонија.
Историјат: За историјатот на црквата говораат слоевите на фрескоживописот. Фреските од XIV век биле откриени во 1956 година при конзерваторски зафати. Црквата некогаш имала и екзонартекс, од кој постојат само делови од јужниот ѕид. Во црквата некогаш било сместено училиште и богата библиотека, но сето ова настрадало во пожар во 80те години на XX век.
Сегашна состојба: Потребно е веднаш да се преземат конзерваторки и реставратоски зафати на фрескоживописот во целокупната црква. Архитектурата е во добра состојба.
Културно значење: На планината Скопска Црна Гора постојат и други цркви од XIV век, поточно црквата Св. Никита (изградена т.е. обновена во 1300, фрескожи вописана околу 1321)62, Св. Никола во с. Љуботен (изградена во 1336-1337, фрескоживописана во 1344-45)63 и Св. Богородица во манастирот Ма тејче (изградена околу 1345, фрескоживописана во 1348 – 1352).64 Сепак од сите овие цркви, ку чевишката црква во целост поседува најсочуван фрескоансамбл. Останатите цркви претрпеле зна чителни оштетувања во текот на времето. Црква та во Кучевиште, со својот фрескоживопис, што изобилува со уникатни елементи, со право може да се вброи меѓу најрепрезентативните благород нички заветнини во Македонија
Користена литература: С. Коруновски, Е. Димитрова, Византиска Македонија: историја на уметноста на Македонија од IX до XV век, Скопје 2006; И. М. Ђорђевић, Сликарство XIV века у цркви св. Спаса у селу Кучевишту, ЗЛУ 17 (1981)